По дефиниција, маратон е трка на долга патека која официјално е 42 километри. Првата маратонска трка во историјата се трчала на 10 април, 1896 на првите Олимписки Игри, победник бил Спиридон Луис. Стандардна должина на патеката не била утврдена се до 1924 година кога и растојанието од стартот до целта официјално станало 42,195 метри.
По дефиниција, маратон е трка на долга патека која официјално е 42 километри. Првата маратонска трка во историјата се трчала на 10 април, 1896 на првите Олимписки Игри, победник бил Спиридон Луис. Стандардна должина на патеката не била утврдена се до 1924 година кога и растојанието од стартот до целта официјално станало 42,195 метри.
Првиот женски маратон на Олимписки Игри бил одржан во 1984 година, победник била Џоун Беноа. Покрај маратоните на Олимписките Игри, секоја година се одржуваат стотици други трки во целиот свет. Постојат околу 500 организирани маратони, повеќето од нив организирани од Меѓународната Асоцијација на Маратонци и Трчачи на Долги Патеки. Асоцијацијата има награден фонд од околу 500000 американски долари за победниците на маратоните кои се во нејзина организација.
Сите ги знаеме оние најголемите и најпопуларни маратонски трки, Лондон, Њујорк, Бостон, Стокхолм, итн. но што е со оние кои се малку поекстремни:
{youtube}vZxji-lBraQ{/youtube}
Ако некогаш сте посакале да отидете на сафари во Африка додека трчате маратон, тогаш овој маратон е за вас. На овој маратон ќе имате шанса да дојдете многу блиску до некои од најпознатите африкански животни, како лавови, зебри, леопарди, биволи па дури и слонови. Името на овој маратон потекнува од контактот со овие животни. Натпреварувачите трчаат патека во Ватерберг, Јужноафриканска Република, која поминува низ саваната. Иако звучи страшно, патеката поминува низ познато живеалиште на лавови, но до сега никој не бил повреден од животните, бидејќи рејнџери опремени со муниција за заспивање ги следат натпреварувачите со помош на хеликоптери. Иако маратонот обично се трча во зима, сонцето е сепак доволно силно за да ја подигне температурата.
{youtube}1EJrJxeFMtg{/youtube}
На другиот крај на термометарот, Бајкалскиот Маратон на Мраз, во Сибир, е уште еден настан на кој температурата игра важна улога во успехот на натпреварувачите. Најверојатно можете да погодите дека се работи за многу студена трка, натпреварувачите трчаат на температури кои паѓаат до -39 степени целзиусови, а некогаш и пониско. Трката се одржува во Омск, Русија, на патишта кои се тивки и на кои нема сообраќај. Патеката е рамна, што делумно го олеснува подготвувањето за трката, но дефинитивно не е лесно да го подготвите вашето тело за да работи како што треба на ниските температури. Организаторот го снабдува секој натпреварувач со капа која му овозможува на телото да ја задржи температурата на студот. Во секој случај, ова дефинитивно не е лесен маратон за трчање, и покрај тоа што е всушност само полумаратон. Во 2001 година, од 134 луѓе кои решиле да го трчаат маратонот, до крајот на денот само 11 го завршиле.
{youtube}uI793LWSLB0{/youtube}
Основан во 1989 година, Маратонот Полноќно Сонце во последниве две децении важи за прилично екстремен маратон за просечниот трчач. Денес, преку 50 земји имаат свои претставници на маратонот секоја година. Трката се одржува во Тромсу, Норвешка, секоја година, најчесто во јули. Оние кои учествуваат имаат шанса да го претрчаат Мостот Тромсу кој се наоѓа на 44 метри надморска височина, па до центарот на градот. Највозбудливиот дел кај овој маратон е фактот што се трча за време на полноќното сонце. Полноќното сонце е природен феномен кој може да се види само во лето близу до Арктичкиот Круг. На полноќ, натпреварувачите можат да го видат сонцето, и ако не е облачно, сонцето сјае 24 часа дневно. Настанот е идеален за сите натпреварувачи без оглед на возраста, има полумаратони, мини маратони и маратон кој е наменет специфично за млади натпреварувачи.
{youtube}hKG9ZcpqlIU{/youtube}
Маратонот Еверест е дефинитивно наменет само за искусни натпреварувачи. Овој настан официјално е највисокиот маратон, чиј старт е на 5227, а целта е на 3444 метри надморска височина. Трката завршува во Намче Базаар, село во североисточен Непал. Маратонот се одржува секоја година, откако Тони Хант и Јан Тарнер направиле 12 часовна прошетка низ планината без никакви помагала во 1985 година. Од тогаш тие организирале неофицијален маратон, кој потоа се претворил во овој настан. Целосната трка првпат била одржана во 1987 година. Овој маратон често се смета како врвната цел на секој маратонец. Натпреварувачите се соочуваат со температури под нулата а и опасност од висинска треска не смее да се занемари. По патеката, трчачите поминуваат преку висечки мостови, неколку споменици па дури и стари манастири. Во 2010 година, најдобрите тројца натпреварувачи биле од Непал, најдобриот од нив завршил за 3 часа 41 минута и 20секунди.
{youtube}LbwyEVb3hSo{/youtube}
Киел е компанија позната по козметика, лекови и многу други работи. Компанијата е исто така и спонзор на маратон кој се одржува секоја година и дефинитивно е потежок од повеќето останати маратони. Стартот на овој ултрамаратон е во Бедвотер во Калифорнија, локација 85 метри под површината на морето, а целта, која е одалечена 217 километри, е на планината Витни на 2548 метри надморска височина. Мартонот тргнува од најниската точка на западната хемисфера и преминува преку три планински венци. Ова нормално значи многу трчање по нагорнини, и надолнини, а промената во надморската височина може да има значителен ефект врз оние кои трчаат. Трката постои од 1999 година, и секоја година илјадници луѓе се постројуваат за да се обидат да ја достигнат целта. Поради тоа што патеката е екстремно напорна, до сега ниту еднаш не се случило сите натпреварувачи да завршат, но најчесто процентот на оние кои завршуваат е над 90.