Тони Паркер повреден во тепачката за Ријана (видео)

Тони паркер, плејмејкерот на Сан Антонио, заедно со повредениот новајлија од Њујорк Никс, Иман Шамперт во четвртокот се нашле во клубот Wip на Менхетен, каде што изби тепачката поради Ријана, а во која главни ликови беа поранешното момче Крис Браун и сегашното, раперот Дрејк.

Шамперт на Твитер потврди дека обезбедувањето го извадило од клубот пред да настане мшаницата, но Тони Паркер се појави на прес-конференција во Париз, во петокот, со очила за сонце, бидејќи заработил повреда на левото око кога започнале да летаат шишињата во ноќниот клуб.

{youtube}LO1E2aR3-yY{/youtube}

„Бев таму со пријатели кога изби тепачката. Започнаа да фрлаат шишиња наоколу…“ изјави Паркер. Потоа додаде: „Рожницата е малку изгребана. Не можам да правам ништо седум дена. Но, имав среќа, повредата нема да ме спречи да настапам на Олимписките игри“.

Прочитајте и:  Крвава расправија на ученици во Тирана - еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
- Реклама -