Во текот на вчерашниот ден, Крис Браун се нашол во ист ноќен клуб со новото момче на Ријана, Дрејк. Откако му пратил шампањско во надеж дека ќе „се смират“, овој вратил со навреда, по што избила тепачка.
Во ноќниот клуб Wip во Њујорк, летале шишиња, се превртувале маси, избил општ хаос, во кој се повредени неколку случајни гости, од кои една девојка има посериозни расекотини на главата. Полицијата сè уште води истрага за причините за тепачката и ги одредува виновниците, но не е тешко да се извлече заклучок што се случило од она што потоа го стори Крис Браун.
Имено, музичарот веднаш на Твитер ја објави фотографијата на која има расекотина на лицето (и нешто што се чини како остаток од забавата во носот), но по советите од PR тимот, ја избришал од својот профил, заедно со сите твитови во кои го навредува Дрејк, во врска со настанот. Браун очигледно се налутил поради тоа што Дрејк го вратил понуденото шише шампањско, заедно со пораката: „Јас спијам со љубовта на твојот живот. Соочи се со тоа!“