Токио 2015: Радикалниот Mitsubishi Emirai 3 XDAS

Mitsubishi понуди првични информации и две фотографии од концептот  EMIRAI 3 xDAS, кој ќе се појави официјално за време на салонот во Токио на крајот на месецов.

Моделот е нешто меѓу автомобил и мотоцикл и се базира на верзија EMIRAI 2, која видовме пред неколку години. Иако, дизајнот однадвор е навистина импресивен, она што го прави посилен впечатокот, е ентериерот, кој користи еден куп дисплеи, кои даваат различни информации.

277_Mitsubishi-470-1

Два од нив се користат како странични ретровизори и нудат дополнителна видливост што се случува околу возилото.


Дел од уживањето во ентериерот е пренослив таблет кој информира за било што да се случува околу машината, како и систем кој го предупредува возачот за потреба од одмор по долго патување.

/Автоплус

- Реклама -