Осумнаесет проценти од тинејџерите би престанале да комуницираат со луѓето ако нивните омилени социјални мрежи престанат да постојат.
Ова е резултатот на анкета спроведена во средни училишта и колеџи во Америка. Според анкетата, 90 проценти од тинејџерите се на Facebook и неверојатни 93 проценти од тинејџерите користат мобилни телефони – ист процент како и корисниците на email.
Седумдесет и четири проценти од тинејџерите се YouTube корисиници, а 47проценти контактираат со пријатели преку Skype. Facebook и email сервисите опфаќаат ист процент од тинејџерите. Првата работа што ја прават тинејџерите наутро, додека се на училиште и дури и на одмор е проверување на двете.
Шест проценти од тинејџерите мислеле дека би го замениле нивниот мобилен телефон со фиксен или со пишување писма ако технологијата наеднаш исчезне. Но неверојатни 18 проценти мислат дека би престанале да комуницираат ако го загубат својот омилен канал за комуникации. [18% of teens would “stop communicating” without social media]