Да шеташ кинеска зелка е подобро од тоа да шеташ куче на пример, бидејќи тие не испуштаат звук и не се здодевни, тоа го мислат токму оние кои се одлучиле да се борат против депресијата на овој начин.
„Терапијата” – шетање на зелка, ја практикуваат депресивни тинејџери во Кина. На овој начин тие ги отфрлаат лошите мисли, шетајќи во групи.
Бизарната глетка на овие млади луѓе не ги остава имуни минувачите, кои збунето ја надгледуваат состојбата, но очигледно младите во Кина така успеваат да се справат со психичките проблеми.
„Чувствувам дека можам да и ги пренесам лошите мисли на зелката и затоа излегувам со неа на прошетка, а потоа се прибирам и се чувствувам многу подобро”, изјави еден од учесниците во оваа терапија.
„Ако видам некој друг можам да започнам лесно разговор за неговата зелка и всушност тоа е подобра терапија од било кое куче – доста поевтина е, не лае, не уринира по тротоарите или не почнува да се тепа со друга зелка, дури нема потреба од хранење, коментираат тинејџерите.