
Плејмејкерот, кој ова лето се приклучи на тимот на Валенсија, беше избран за МВП откако го предводеше тимот до учинок од 6 победи и 3 пораза во првите девет натпревари од сезоната.
Во овие натпревари, Шортс забележа просек од 17,1 поен, 5,7 асистенции, 1,8 скокови и 0,9 украдени топки по натпревар. Со овие бројки, тој се наоѓа на третото место во лигата во категориите поени и асистенции, додека со просечен индекс на корисност од 20,7 е меѓу двајцата најдобри играчи според овој параметар.



