И ти би се извадил од памет да си ги видиш жена ти и бебето на ваква снимка

Седнал Тајрон Морис да гледа снимка од камерата во собата каде што му спиело бебето. И имало што да види – жена му лази по подот ко во сцена од Егзорцист…

Е сега, 9 од 10 портали ова ќе го објавеа со наслов „НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: СИ ЈА ВИДЕЛ ЖЕНАТА ОПСЕДНАТА ОД ЃАВОЛОТ ДОДЕКА ГО ОСТАВИЛ БЕБЕТО САМО СО МАЈКА МУ!!!“.

Вистинската приказна, меѓутоа, е сосема поинаква. Жена му на Тајрон – Керин, едноставно го заспивала бебето, а ова е снимката од моментот кога се обидувала да излезе од собата незабележана. Зашто секој родител знае: отвори ли бебето очи и те види во близина, збогум спиење.

- Реклама -