TheLastRipper: Програма за бесплатно преземање музика

софтвер Со помош на бесплатната програма TheLastRipper од неодамна можат да се преземаат во mp3 формат сите песни кои се достапни на Last.fm и тоа потполно бесплатно и она што е новина на интернет –  легално (на некој начин).


alle.pngСо помош на бесплатната програма TheLastRipper од неодамна можат да се преземаат во mp3 формат сите песни кои се достапни на Last.fm и тоа потполно бесплатно и она што е новина на интернет –  легално (на некој начин).

За оние кои не знаат, Last.fm е live-streaming сервис кој со помош на алгоритам ја препознава омилената музика на своите корисници и овозможува меѓусебно дружење на слушателите со сличен музички вкус.

TheLastRipper автоматски ги организира сите песни според изведувачот, албумот и насловот и заедно со нив го презема и омотот на соодветното цеде и поважните ID3 тагови. Работи на оперативните системи Windows XP, Vista, Linux и Mac OSX , а пред инсталацијата потребно е да се преземе и помошната бесплатна програма од Microsoft – NET Framework 2.

Преземањето музика од Last.fm законски е потполно легално, за разлика од преземањето по пат на други извори со помош на торенти и слични програми. Имено, според законските акти, дозволено е неограничено користење на mp3 песни преземени од радијата на интернет.

- Реклама -