Tesla Motors конкурент на BMW

Tesla Motors планира трета генерација на електрични автомобили. Оваа Gen 3 изведба би требало да биде ценовно прифатлива и нејзиниот примерок би бил директен конкурент на BMW 3.

Дека во Tesla Motors работат на третиот примерок во својата гама потврди и главниот дизајнер на овој американски бренд, Франц фон Холшаузен, кој дополнува дека оваа новина на пазарот би се нашла во текот на 2015 година. Интересни се и најавите дека овој автомобил кој ќе биде конкурент на BMW 3, Mercedes C-Class, Audi A4, итн. би чинел околу  25.000 евра.

Освен за овој модел Фон Холшаузен истакна дека во план е изведба и на pick-up верзија со која Тесла Моторс би се претставиле во блиска иднина. Вртежниот момент на електромоторот кој сега е на располагање е мошне добар за ваков вид возило.

Во меѓувреме во Tesla Motors се фокусирани на проектот  Model S, авршувањето на косоверот Model X, како и создавање на наследникот на родстерот, со кој целата приказна за Tesla Motors и започна.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -