Tesla Model X не може да се пробие на SUV пазарот

На глобално ниво автомобилските производители не успеваат да ја задоволат постојано растечката побарувачка на кросовери и SUV модели. Но статистиките, анализирани од Bloomberg покажуваат дека не сите успеваат да ги искористат предностите на овој раст на пазарот.

Вистински губитник е Tesla Model X, односно електричниот модел евидентира два последователни квартали со пад на продажбата. Tesla не објавува месечни извештаи за продажбата, но според Automotive News, компанијата има продадено околу 2.000 примероци од Model X во април. Што е причината за тоа клиентите да го избегнуваат електричниот кросовер на Tesla, а демонстрираат неверојатен интерес за идниот Model 3 и продажбата на Model S исто така расте?

Некои од причините можат лесно да бидат воочени! Дури и во САД се уште нема целосно развиена мрежа на станици за полнење, а и електричните SUV модели се уште не успеваат да ги освојат купувачите во овој сегмент. Сепак, иако малкумина ги управуваат своите SUV модели далеку од патот, сите декларираат дека треба да можат да се потпрат на возило со висока проодност далеку од цивилизацијата. Што не особено врвна карактеристика на Model X.

Во моментов на пазарот нема друг електричен кросовер или SUV, па во Tesla не можат да се потпрат на искуства со друга компанија. Дали, сепак Model X не беше премногу амбициозен проект? Тука одговорот исто така е позитивен. Како и дали купувачите не ги ценат толку високиот дизајнот на овој електромобил во споредба со Model S? И конечно, најголемата причина, високата цена на Model X – 82.500 долари во САД.

Автоплус

- Реклама -