Американската компанија Тесла ја официјализира својата намера да пушти на пазарот мал кросовер кој ќе му конкурира на моделот BMW X3.
Според информации од раководството на седиште во Калифорнија, компанијата до 2016 година треба да понуди пет нови модели. Најевтиниот од нив ќе биде седан верзија, која ќе чини околу 30.000 евра, чие производство е планирано за 2015 година. Освен тоа, производителот на електрични автомобили подготвува и нов спортски автомобил, кој ќе го замени моделот Tesla Roadster.
Најважниот модел, сепак ќе биде кросовер чиј развој веќе е започнат. Во основа ќе биде Tesla Model X, кој беше прикажан на почетокот на 2012 година и над кој компанијата работи уште од 2007 година. Се очекува овој модел да биде пуштен на пазарот во 2013 година, а цената ќе биде помеѓу 60.000 и 90.000 евра.
-Подготвуваме доста изненадувања за нашите клиенти, а меѓу нив ќе има и спортски автомобил, кој ќе ја користи каросеријата на Lotus Elise, открива шефот на Тесла, Елен Мак. Ова ќе биде вистински суперавтомобил и според динамиката и перформансите, а неговата цена ќе биде мошне прифатлива.
Објавено во соработка со Авто Плус.