Tesla најави дека планира да собере дополнителни средства во износ од 1,5 милијарди долари, а парите ќе одат за зголемување на производните можности на компанијата за новиот Model 3.
Во моментов компанијата има добиено околу 455.000 барања за новиот електромобил Model 3. Калифорнискиот производител ги испорача првите 30 парчиња на свои вработени и додаде дека добиваат уште 1.800 барања дневно на својот прв ценовно достапен електромобил.
Основната цена на Model 3 е 35.000 долари, но шефот на компанијата Илон Маск прогнозира дека најмногу ќе се купува верзијата со побогата опрема и поголем опсег, кој ќе чини околу 42.000 долари. Плановите на Tesla се за годишно производство од 500 000 примероци Model 3.
Компанијата потврди дека располага со кеш во износ од 3 милијарди долари, но нема сите средства да бидат искористени за производство на Model 3, туку дел ќе одат и за довршување на првата Гигафабрика за батерии и развој на мрежата на станици за полнење Supercharger.