Капитенот на Челзи, Џон Тери смета дека неговиот соиграч, Френк Лампард е најдобриот фудбалер во историјата на клубот.
Минатиот викенд Лампард го постигна 200. погодок за Челзи и дојде на два гола до рекордот на Боби Темблинг кој е најдобриот стрелец во историјата на Сините.
За капитенот Џон Тери, Лампард е најдобриот фудбалер во историјата на Челзи.
„Зборувате за Џанфранко Ѕола и останатите големи играчи кои играле за овој клуб, но според мене Лампард е најдобриот на сите времиња” – изјави Тери за Chelsea TV.
„Сите го сакаме, сите ќе се залагаме тој да го срушти рекордот”.
Според константноста и бројот на погодоци, Тери смета дека само Рајан Гигс е рамо до рамо со Лампард.
„Само двајца играчи играат константно добро и постигнуваат голови во изминатите 10-15 години, тоа се Лампард и Рајан Гигс”.
„Неверојатно е кога ќе видите колку голови има Френк постигнато на толку високо ниво како што се Лигата на Шампионите и Премиер лигата, a сеуште чуствува глад да го прави тоа”.
„Тој е пример за сите фудбалери тука”
„Неверојатно е што прави од сезона во сезона. Ајде да се надеваме дека ќе продолжи да дава голови и ќе го сруши рекордот”.
Иднината на Лампард е неизвесна, неговиот договор со Челзи истекува по крајот на оваа сезона и можно е да го напушти Стемфорд Бриџ по 12 години поминати таму.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.