Телефонски разговор Ковачевски – Шмигаљ: Сочувствуваме со Украина и се восхитуваме на храброста на Украинците

Премиерот Димитар Ковачевски вчера доцна попладне имал телефонски разговор со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ, при што му пренел дека сочувствуваме со Украина и истовремено се восхитуваме на храброста со која Украинците ја бранат својата слобода и сувереноста на државата.

„На колегата Шмигаљ му порачав дека Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и НАТО, и е во постојана координација за поддршката на Украина. Подготвени сме да ги прифатиме граѓаните на Украина доколку побараат времено засолниште во нашата земја и остануваме во контакт за сите идни активности за поддршка и помош“, напиша утрово на Фејсбук Ковачевски.

Премиерот Шмигаљ, како што додава македонскиот премиер, се заблагодарил во име на граѓаните на Украина за досегашната поддршка и помош.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

- Реклама -