Таткото на фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, Мунир Назрауи е во тешка состојба со убодна рана во болница во Бадалона.
Како што објави „La Vanguardia“, непознато лице го нападнало Назрауи на паркинг во градот Матаро. Мажот бил пренесен во болницата Сан Рути.
Полицијата го истражува инцидентот и веќе пронашла сведоци, но во моментов не се познати околностите за нападот на таткото на фудбалерот на Барселона.
Ламин Јамал ја помина фудбалската школа на Барселона. Тој со Каталонците стана шампион на Шпанија, а на Евро 2024 го освои трофејот.
Тој на Европското првенство стана најдобар млад играч на турнирот.