Новата светска опасност, вирусот Зика зеде неочекувана жртва, името на новиот модел на индиската компанија Tata Motors Ltd.
Автопроизводителот објави дека одлучил да го смени името на моделот Zica, кратенка од Zippy Car (палав автомобил), поради именувањето на разнесуван од комарците, нов вирус со истото име, кој е светска здравствена закана. Од Tata Motors, која е дел од еден од најголемите индиски индустриски конгломерати Tata Group, oбјави дека ќе даде ново име за десет дена. Tata Motors најави и промена на на изгледот моделот, за чија промоција е ангажиран и најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси.
Tata Motors е петти по големина автопроизводител во Индија, соственик е на марките Jaguar и Land Rover, но сеуште има имиџ на производител на евтини автомобили.