Home Трачарка Балканскоп Тања Савиќ измами менаџер на клуб и побегнала со 3000 евра

Тања Савиќ измами менаџер на клуб и побегнала со 3000 евра

0

Пејачката Тања Савиќ измамила луѓе за настапот во познатата дискотека во Добој за 3000 евра.

Како што дознава „Alo!“, колега на пејачката од „Гранд“ Амар Гиле Јашарспахиќ префрлил свирката преку свој пријател, кој е менаџер на клубот каде требало таа да пее, но таа ги земала парите и побегнала.

Тања како услов барала парите за настапот да ѝ ги платат месец дена порано, што не е загарантирано правило, а таа само еден ден пред настапот се јавила дека наводно имала смртен случај, а веќе гостувала во една емисија која се емитувала во живот, пишува Alo!.

Еден месец пред настапот Савиќ земала 3000 евра, а кога требало да пее, отишла во музеј во Австралија.

– Од медиумите дознавме дека воопшто немало смртен случај, туку таа со семејството отпатувала во Австралија и дека парите всушност ѝ требале за патувањето. Никогаш не сме работеле со таков непрофесионалец. Ова не е добро ни за неа и нејзината понатамошна кариера, бидејќи сега сите знаат дека никогаш ништо со неа нема да биде сигурно- вели извор за „Alo!“ од клубот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here