Ретко може да се види возило специфично дизајнирано за такси службите. Но, Мерцедес Нимбус е токму такво возило, дизајнирано од Славче Таневски. Возилото е планирано за 2025 година, и е опремено со четири електрични мотори, по еден во секое тркало, со литиум јонска батерија во подот.

Поради ваквата конфигурација на погонскиот систем, во возилото има доволно простор возачот да биде поместен помеѓу предните тркала, што остава простор за уште еден ред седишта. Елементот кој се гледа над возачот има и аеродинамична и заштитна функција и притоа служи како визуелна поделба помеѓу патниците и возачот.
Во возилото ќе можат удобно да се сместа 5 возрасни патници, или 3 возрасни патници со нивниот багаж. Големите стаклени површини ќе им овозможуваат на возачот и патниците добра прегледност. Багажникот е сместен нисо во возилото и се наоѓа помеѓу задните тркала и повеќе наликува на фиока отколку традиционален багажник.