Тајван: Кина лансираше 11 балистички ракети во водите во близина на островот, ja имитира Северна Кореја

Министерството за одбрана на Тајван тврди дека Кина денеска лансирала 11 балистички ракети „Донгфенг“ во водите во близина на северниот, јужниот и источниот брег на островот, откако рано утринава Кинеската Народноослободителна армија (ПЛА) започна големи вежби со боева муниција.

Портпаролот на министерството кратко изјави дека вооружените сили на Тајван ги следеле истрелите во реално време, откако биле откриени во 13:56 часот (0556 GMT), и веднаш ги активирале соодветните одбранбени системи. Министерството ја осуди, како што се наведува, „оваа ирационална акција што го поткопува регионалниот мир“.

Тајванското МНР, пак, ја обвини Кина дека ја имитира Северна Кореја со истрелување на проектили во водите во близина на островот и повика на воздржаност во време на зголемени тензии во Тајванскиот теснец по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари

Во соопштението, Министерството за надворешни работи на наведува дека Кина ја загрозува безбедноста на Тајван и ги повика земјите да го поддржат островот и „заедно да ги бранат слободата и демократијата“.

Претходно, источната команда на Народноослободителната армија на Кина (ПЛА) објави дека спровела успешна вежба за гаѓање со боева муниција и истрелала неколку конвенционални проектили во водите на источниот брег на Тајван. Во соопштението објавено на платформата WeChat, се прецизира дека бил извршен далечински директен напад кон целните области во источниот дел на Тајванскиот теснец и дека „се постигнати очекуваните резултати“.

Извор: МИА

- Реклама -