Епа откако веќе ја спомнавме Астон Вила во претходниот пост, ред е да ги испратиме и Њукасл и Нориџ. Имено синоќа, покрај натпреварот Ливерпул – Челси кој, на прва, изгледа мега-култен, се играа уште два натпревари кои беа од многу поголемо значење од споменатиот.
Нориџ го победи Вотфорд на домашен терен со 4-2, но залудно, бидејќи на Сандерленд му требаше само една победа во наредните две кола за да остане меѓу англиската елита. Тоа успеаја да го направат уште на првиот натпревар, и тоа против Евертон на домашен терен, победувајќи ги со 3:0.
Натпреварот се играше во исто време, и еве мини галерија од емоциите на двата терени…