Поранешниот и претендент за нов премиер – Зоран Заев, денеска доби специјална пофалба за време на свечената седница за ратификација на протоколот за членство во НАТО. Пофалбата дојде од лидерот на ДПА – Мендух Тачи, кој во обраќањето од собраниската говорница изрази желба, како што рече, да ја каже вистината:
„Секако сите дале свој придонес, меѓутоа, главниот придонес го даде поранешниот премиер – господинот Заев, кој упорно и смело го туркаше процесот напред. И тука не треба да имаме ниту една дилема, затоа што доколку имаме дилема, тогаш ќе почнеме да ги мериме заслугите и кој на 26-ти, кој на 27-ми дал повеќе придонесе, кој со кого бил во кoaлиција за да дојде на власт, итн. “, рече Тачи.
виа ТВ21