BMW објави дека светската премиера на Серија 4 Convertible ќе се одржи за време на меѓународниот салон за автомобили во Лос Анџелес, на 20 ноември.
Продажбата на BMW Серија 4 Convertible во САД ќе почне во првата четвртина на следната година, а на стартот во понуда ќе бидат достапни варијантите 428i и 435i, а цената ќе се движи во зависност од нивото на опременост од 49.675 до 55.825 долари.
На штандот на BMW за време на салонот во Лос Анџелес ќе биде претставени исто така и i8, Серија 5 Gran Turismo и Concept X4, кои ќе бидат демонстрирани за прв пат во Северна Америка, а во земјата на неограничени можности блеснуваат и новитетите како i3, X5, Серија 4 Coupe, Серија 5 Sedan и други.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус