Светот се збогуваше со Fiat Uno

Еден од легендарните автомобили официјално влезе во историјата. Последниот Fiat Uno слезе од произвоствените ленти на фабриката на Италијанците во Бразил. Всушност Италија и цела Европа се прости со Uno уште во 1995 година, но под името Fiat Mille возилото продолжи да се произведува во Јужна Америка до крајот на овој месец.

Од 1983 година досега од моделот беа продадени вкупно 8.800.000 парчиња во различни модификации. Негов автор е Виторио Гидела кој беше ангажиран да создаде автомобил кој да биде достоен наследник на популарните Fiat 127 и Fiat 850. Новиот автомобил беше почетокот на нова ера за италијанската марка. Дизајнот на машината беше доверен на работилницата Giugiaro, што создава современ изглед на автомобилот. Амбициите на Fiat беа огромни и неслучајно деби на моделот се одржал на Кејп Канаверал – срцето на вселенската програма на САД.

Желбата на Италијанците да ја „заземат“ Америка со сличен автомобил е неуспешен, но со другите пазари работите не стојат така. Моделот брзо се наметна во Европа и Јужна Америка, а излегува во две модификации – со 3 и со 5 врати. Првично се нудеше во три верзии – со индекси 45, 55 и 70 и во нивоа на опрема S или ES . Последното значи „заштеда на енергија“. Автомобилот во тоа време беше достапен со бензински мотори со зафатнина од 0,9, 1,1 и 1,3 литри, а кон нив малку подоцна е додаден и 1,3-литарски дизел со моќност од 45 КЅ. Задната суспензија е независна, а напред е MacPherson. Уште тогаш Uno може да се пофали со диск сопирачки напред и барабан механизми позади.

Карактеристичниот дизајн, солидна внатрешност и економични мотори се главните причини за популарноста на Uno, кој во 1984 година станува  Автомобил на годината во Европа. Тогаш излегува моделот Uno SX, а една година подоцна палетата моторите е обновена, а во неа влегува 1.0-литарски мотор FIRE со моќност од 45 КЅ. Моделот Uno 55 добива двоен карбураторот, овозможувајќи моќноста да достигне 58 КЅ и тоа станува причина тој да биде прекрстен во Uno 60.

Интересно е дека оригиналниот дизајн на Giugiaro првично е наменет за автомобилите на Lancia. На крајот на 70-тите години Жан Марио Росињоло, генерален директор на Fiat SpA, дава наредба за создавање на Lancia A112 (Autobianchi A112), но потоа е одлучено дека приоритет треба да имаат моделите на Fiat и дизајнот е даден на Uno .

Во 1985 излегува и првото Uno со турбо-дизел мотор – 1.4 литри и моќност 70 КЅ. Во истиот период започна и производството во Бразил. Моделите Uno CS и Duna успеваат во Европа, но стандардното Uno продолжува да ужива огромна популарност преку Океанот. По ова беше лансирана и втората генерација. Uno добива 1.7-литарски дизел од Fiat Ritmo во 1988 година, а моделот е прикажан на саемот во Франкфурт со преработен дизајн, но сепак останува со лесно препознатлив стајлинг. Благодарение на успесите на моделот, Fiat успева да ја роботизира целосно фабриката во Ривалта, што овозможува годишно производство од 450.000 парчиња.

Повторно во 1988 година излегуваат неколку специјални верзии како Uno Sting. Тие наоѓаат место меѓу Uno и Uno C. Потоа се редат Uno 60, Uno 70 и Uno Turbo, кој располага со 118 КЅ. Верзијата 60 S пак станува основа на Uno Selecta кој добива вариаторна трансмисија.

Успехот на Uno сепак останува грандиозен, бидејќи моделот го зазема осмото место во историјата според продажбата.

- Реклама -