Сите свадби закажани за пролетва и летово се откажани или презакажани за наесен. И матичните служби ги откажуваат венчавките. Од Управата за водење на матични книги за „САКАМДАКАЖАМ.мк“ велат дека граѓански бракови склучуваат само оние двојки на кои им се брза поради принова или друга причина, и тоа со многу кратки церемонии и без гости.
За разлика од другите години, кога во овој период (мај и јуни) има најмногу свадби, по 350 месечно и матичарите едвај постигнувале, годинава откажани се речиси сите свадби и паровите кои се решаваат на брак се бројат на прсти.
„Они парови на кои им се брза поради бременост или некоја друга причина ги венчаваме во општинските матични служби, но церемонијата трае многу кратко, не повеќе од 10 минути. На венчавката можат да дојде само по еден сведок на младенците и толку. Роднини, пријатели, зурли, тапани пред матично нема. Сите носат маски и заштитни ракавици. Можам да кажам дека од 350 венчавки кои сме ги имале овој период, сега има едвај 10 месечно“, велат од Управата за водење на матични книги. Повеќе ТУКА.