Suv купе со мотор од Bugatti

861_Camal-1000-1

Италијанскиот дизајнерски центар Camal, основан од поранешни вработени на Fiat, Bertone и Ferrari во 2008 година, објави дека разработува хибриден суперавтомобил со зголемена проодност и хибриден погон – Ramusa.

Ramusa (гуштер на пиемонтски дијалект) ќе биде изграден на основа на Bugatti EB110 од 1991 година, од кој ќе го позајмува и моторот, 12-цилиндерскиот 3.5-литарскиот со четири турбополначи, кој ќе биде лоциран пред задната, а за погонот на предната оска ќе се грижи електромотор. Вкупната моќност на двата мотора ќе достигнува 800 КЅ, што ќе се  пренесуваат кон тркалата преку шест-брзински автоматски менувач.

Прототипот на Ramusa кој засега постои само виртуелно, е долг 4.320, широк 2.020 и висок 1.300 mm. Клиренсот достигнува 25 сантиметри, што според Camal ќе  му гарантира на Ramusa одличен спој меѓу квалитетите на супер автомобил и теренец. Каросеријата на суперхибридот ќе биде изработена од пластика и јаглеродни влакна. Основачот и шеф на Camal, Алесандро Камора, одбива да даде конкретни рокови за реализација на проектот.

Bugatti EB110 е создадено во чест на 110-годишнината на Еторе Бугати. Податоците за точната бројка, во која е произведен моделот, варира помеѓу 126 и 139 примероци. По банкротот на Bugatti во 1995 година многу елементи  се користеа за основа на исклучително ретките супер модели Dauer EB110 и Edonis.



Автоплус

- Реклама -