Даската за сечење ја користиме сите, а можеби и секојдневно.
Па заради тоа многу добро знаеме колку е тешко темелно да се исчисти дрвената површина. Резовите од ножот е совршено место за собирање на бактерии, а грозните дамки од зеленчукот и овошјето е речиси невозможно да се исчисти. Но, постои решение и тоа ефикасно, брзо и ефтино.
Состојки:
– 2 лажици бел оцет
– 1 чаша млака вода
– 1 лимон
– 2 лажици морска сол
– минерално или маслиново масло
– 2 крпи
Употреба:
1. Помешајте ги оцетот и водата и еден дел од крпата натопете ја во смесата и со неа добро истријте и пребришете ја површината на даската.
2. Лимонот пресечете го на половина. Една половина натопете на во солта и со неа добро тријте ја даската, задржувајќи се на резовите од нож. Натопете го лимонот во солта неколку пати и повторете ја постапката доколку е потребно.
3. Даската исперете ја со вода и исушете ја со крпа.
4. Другата половина од крпата натопете ја во маслото и со кружни движења истријте ја даската и на крајот вишокот на масло пребришете го со сувата крпа. Маслото ќе послужи како импрегнирање на дрвото кое ќе го заштити дрвото од водата.