Супер моделите не се профитабилни?!

Тобиас Моерс, шефот на Mercedes-AMG, неколку пати ги истакна јавно своите ставови во врска со супер скапите и моќни автомобили, кои едноставно не „носат“ заработка, а неодамна уште еднаш го потврди своето гледиште.

За Autoblog тој коментираше дека колку и да се големи супер моделите, тие едноставно не се успешен бизнис план за една компанија. Освен тоа, според него, дури и AMG да одлучи да формира ваква машина, во овој момент нема потребен кадар на инженери за тоа.


Супер моделите се скапи и есклузивни и се особено атрактивни, но треба да се напомене дека, како вели Моерс, за нивниот развој и пласман се вложува премногу, па кога се ќе се стави на кантар и се извага, тогаш се доаѓа до заклучок дека премногу е вложенио, а добиено многу помалку од планираното. Не секогаш во прашање само градењето на имиџ.


Сепак, во блиска иднина е сосема реално да видиме повмоќна и полесна верзија на AMG GT,  која сепак ќе е на „прагот“ на класата супер автомобили. Таков автомобил ќе биде подготвен, најверојатно, веќе следната година.

Автоплус

- Реклама -