Subaru развива спортско хибридно купе

su2

Honda го има моделот NSX, Nissan GT-R, a Mazda и Toyota покажаа концепти за нови генерации на познатите спортски модели RX-7 и Supra. За да не остане „покусо“ Subaru развива сличен автомобил, наследник на моделот SVX, кој се продаваше во 90-тите години на минатиот век.

su1Инжинери на марката потврдија дека веќе тестираат своевиден прототип во Јапонија, со централно поставен хибириден мотор, но нема поединости за неговиот изглед, во очекување на конечна одлука од раководството на компанијата за сериско пуштање на сличен модел. Челниците на Subaru се поделени во размислувањата, дали тоа да биде традиционално купе, или спортски хечбек, сличен на концептот Viziv GT, создаден за видео играта Gran Turismo во 2014.

su3За наследник на моделот SVX се зборува уште по неговото прекинување од производство во 2009. Гласините се шират значи веќе скоро седум години, но денес имаме вистински факти, дека се работи сериозно на модел со централно поставен погонски агрегат, а се дознава неофициално и за другите состави. За тестирањата на некои елементи употребено е преработено купе од моделот BRZ, под чија каросерија се кријат основните структури и механизми на моделот. Станува збор за модифицирана варијанта на новата глобална платформа на марката и за турбомотор од 1,6 литри со 4 цилиндри, со погон на задните тркала плус два електромотори за предните.

su4Ова техничко решение е слично на технологијата од BMW која се користи кај хибридниот i8 plug-in и обезбедува систем за погон на сите тркала. Овој систем ќе се користи и за некои други идни модели на Subaru. Се очекува дека кај спортскиот модел вкупната моќност ќе е над 330 КЅ.

su5

Автоплус

- Реклама -