Subaru напредува со работата на следната генерација Impreza, а неодамна видовме доста близок до производствената верзија – концепт, како и шпионски фотографии на прототипи.
Замислата на Јапонците е да вложат доста средства и во развој на хибридна верзија на моделот, која ќе се појави како наследник на WRX STI. Возилото се очекува да добие нова генерација 4х4 систем, како и 2,0-литарски турбо бензински агрегат за погон на за предната оска, а задните тркала ќе се придвижуваат со електромотор.
Иако тоа сугерира повисока тежина, поради додадените елементи на системот, WRX STI сигурно нема да е многу помасивен, бидејќи ќе се базира на нова платформа која обезбедува пониско ниво на килограми. Погонот ќе располага и со 6-брзински автоматски менувач, со кој ќе минуваат над 320 КЅ.
Автоплус