Студенти претворија Škoda во електричен кабриолет

Откако последните три години Škoda демонстрираше три уникатни студентски развојни проекти на дел од своите стажанти, сега од компанијата ни претставиваат најнова креација, електромобил без покрив и специфична конструкција, популарно наречен и – баги.

По работа од цели 1.500 часа, групата од 22 (од вкупно 900) 17 и 18-годишни студенти во Škoda создаваат уникатна верзија на субкомпактниот модел CITIGO, која е опремена со електричен погонски систем со мотор со моќност од 82 коњски сили. Футуристички изглед на кабриолетот ELEMENT се разликува од стандардната верзија на моделот не само по активирачки систем, но и по тоа дека нема покрив и врати, а ентериерот е двосед и со уникатен изглед.

- Реклама -