Страв од интернет и некои други фобии од 21. век

Повеќе... Стравот од пајаци или од змии можеби се едни од најчестите фобии, но некои стравови имаат смисла само во ова информатичко време.


Стравот од пајаци или од змии можеби се едни од најчестите фобии, но некои стравови имаат смисла само во ова информатичко време.

enthusiastgaming375x200.jpg1. Номофобија
Ве фаќа паника кога нема мрежа на вашиот мобилен или кога батериите ви се потрошиле? Доколку ве фаќа страв дека ќе останете без вашиот драг мобилен телефон тогаш сте номофобик.

2. Фобија од видео игри
Ова може да биде само обичен страв од видео игри, но и неразумен страв од тоа дека видео играта може да се оствари во реалниот живот. Ако имате „Тетрис“ кошмари каде големи обоени блокови паѓат од небото, тогаш веднаш треба да појдете на доктор.

3. Интерфобија
Да, тоа е страв од интернетот или Глобалната мрежа. Веројатно еден од најзакоравените интерфобици е иранскиот претседател – Махмуд Ахмадинеџад.

4. Декстрофобија
Замислете да имате фобија од сè што е десно од вас. Тогаш сигурно не би сакале да се најдете во Англија. Во идеални услови доколку имате ваква фобија, би требало да имате партнер кој е левофобик т.е. некој кој се плаши од сè што се наоѓа на левата страна на неговото тело.

5. Сескуипедалиофобија
Овој долг збор опишува состојба во која некој се плаши од долги зборови. Зошто не избрале некој пократок збор за да го опишат стравот од долги зборови? Можеби првиот чекор во лечењето на сескуипедалиофобијата е да се надмине паниката кога ќе го прочитате зборот кој ја опишува вашата состојба.

6. Катисофобија
Љубезно е некого да поканете да седне, но за оние што патат од катисофобија тоа може да биде многу непријатен предлог. Катисофобијата е страв од седење. Лошо доколку некој треба да седи цел ден пред комјутер или да работи како возач на автобус.

7. Генуфобија
Замислете да имате фобија од колена и да ве фаќа паника секогаш кога ќе погледнете нечии колена. Тогаш сигурно да гледате фудбалски натпревар или  во девојки во мини здолништа ќе биде вашиот најголем кошмар.

8. Фобофобија
Ова е најироничната од сите фобии – страв од стравот. Замислете да ви дијагностицираат страв од стравот. Тоа ќе ве доведе до клиничка паника, бидејќи вашиот најголем кошмар е стравот дека имате некаква фобија.

- Реклама -