Столтенберг: Западната солидарност не смее да попушти сега, и покрај енергетската криза и зголемените трошоци за живот

Руската војна во Украина влегува во „критична фаза“ благодарение на контраофанзивата на Киев, изјави генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг.

„Украинските сили успеаја да ја запрат офанзивата на Москва во Донбас, да нападнат зад руските линии и да ја вратат територијата“, рече тој за време на денешната прес-конференција со американскиот државен секретар Антони Блинкен.

„Само во изминатите неколку дена, видовме дополнителен напредок и на југ во Херсон и на исток во регионот Харков“, посочи Столтенберг, додавајќи дека тоа ја покажува „храброста, умешноста и одлучноста на украинските сили“, како и дека поддршката за Украина секојдневно прави разлика во првите борбени линии.

„Западната солидарност не смее да попушти сега, и покрај енергетската криза и зголемените трошоци за живот“, порача Столтенберг.

Прочитајте и:  НАТО: Нема индиции за некаков намерен напад на територија на Алијансата

„Цената што ја плаќаме се мери во пари, додека цената што ја плаќаат Украинците се мери со животи. И сите ние ќе платиме многу повисока цена ако Русија и другите авторитарни режими видат дека се наградува нивната агресија“, истакна генералниот секретар на НАТО.

„Ако Русија престане да се бори, ќе има мир. Ако Украина престане да се бори, таа ќе престане да постои како независна нација. Затоа мораме да продолжиме, за Украина и за нас“, додаде тој.

Извор: МИА

- Реклама -