Столтенберг контра Путин: НАТО никогаш не бил закана за Русија

Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг, одговори на тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин и порача дека НАТО никогаш не бил закана за Русија.

Коментирајќи ги неговите коментари дека Европа ја почнала геополитичка конфронтација со Русија, Столтенберг рече дека е обратно:

„Тоа не е конфронтација ниту од ЕУ, ниту од НАТО. НАТО е одбранбен сојуз, НАТО и Финска никогаш не биле закана за Русија“, категоричен беше тој во интервју за Си-ен-ен.

Во врска со влезот на Финска во НАТО, генералниот секретар на Алијансата оцени дека со тоа Финска ќе биде побезбедна, а НАТО ќе стане посилен. Притоа, тој подвлече дека не треба Русија да одлучува кој може а кој не може да влезе во Алијансата, туку тоа е, како што рече, одлука на секоја независна земја.

Прочитајте и:  Белоусов: Украинската воена кампања за 2025 година пропадна

Извор: МИА

- Реклама -