Стојаноски: Сериозни сме во намерата да го зголемиме стандардот на граѓаните, предлозите на СДСМ се несериозни

Во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски се осврна на актуелните мерки за есенската потрошувачка кошничка, како и на предлогот на СДСМ за укинување на 5% ДДВ на околу 250 прехранбени производи. Стојановски истакна дека овој предлог не е доволно сериозен.

„На такви несериозни изјави од СДС треба веднаш и неодложно да се стави крај и затоа брзо треба да се пресретнат тие изјави, од причина што на прес-конференцијата до Венко Филипче стоеја двајцата креатори на економската политика во претходниот мандат, господинот Битиќи и Ковачевски, кој им донесе 18 пратеници и ништо од тоа што го смислија не дава резултати. Сега имаме нова реалност да се поднесуваат такви закони“, рече Стојаноски

Стојаноски приложи и документи како ексклузивна информација до Телевизија 24.

„На Комисијата за избори и менувања е избран новиот состав на Комисијата за заштита на конкуренцијата и таа, како надлежен орган, веднаш ќе почне со следење на Законот за нефер трговски практики за да може тој да биде спроведен и да имаме одредено олеснување, односно поефтинување на цените“, истакна Стојаноски.

Прочитајте и:  СДСМ: Владата нема решение - СДСМ ќе предложи вистински мерки за намалување на цените на производите

Стојаноски потенцираше дека актуелните мерки, иако се различни од претходните, носат позитивни резултати, при што посочи дека храната во последниот месец е поевтина за 965 денари.

„Ние ќе продолжиме со ваквиот тип на мерки кои се суштински различни од претходните. Ние сме многу сериозни во намерата да го зголемиме стандардот, и не само преку намалување на инфлацијата, покачување на пензиите и платите, и помошта на приватното стопанство, туку и директна борба со овие појави кои што се особено негативни“, заклучи Стојаноски.

- Реклама -