Го сакате и добро го познавате партнерот, станува логично дека сте подготвени за заеднички живот со него. Но, некои работи меѓусебно ги дознавате откако заедничиот живот ќе влезе во секојдневна рутина.
Несреденост
Додека не започнете заеднички живот, нема да знаете какви му се навиките, на пример дали гаси светилки при излегување од собата, ја фрла ли вишокот храна, дали ја расфрлува облеката и слично.
Заедничко време
Сакате ли да имате барем еден заеднички оброк, до вселувањето нема да знаете какво однесување има. Едно е да седите заедно во ресторан и логично е дека ќе ве почека да завршите со јадењето. Ако дома стане од масата додека вие не сте готови со јадењето, можеби така функционирал и во претходниот дом или водел живот како самец и затоа нема таква навика.
Вечерни и утрински ритуали
Не ви се допаѓа дека доцна доаѓа во кревет? Кажете му…
Ако порано само повремено сте преспивале кај него, не му било проблем да заобиколи некој ритуал пред спиење или утрото го користел да помине повеќе време со вас. Но сега тоа се променило во заедничкиот живот бидејќи со текот на времето заљубеноста поминува и тој ќе се чувствува како дома и ќе го покаже своето вистинско лице односно вистинските навики.
Одење на спиење
Сте имале напорен работен ден и со нетрпение очекувате да се гушнете со него пред спиење, но тој секоја ноќ останува на компјутер и вие веќе сте во длабок сон кога тој е подготвен за кревет. Ако тоа ве прави лути и не било случај претходно, причината е повторно што само понекогаш сте преспивале кај него и неговото време било резервирано за вас. Сега живеете заедно и тој се однесува како дома. Размислете колку ви е тоа важно и разговарајте со него за поинаква распределба на времето.
Комуникација со најблиските
Додека не почнете живот заедно, нема да знаете колку често комуницира со родителите и пријателите и колку тие знаат за неговиот приватен живот.
Домашни обврски
Ова е незгодно прашање, а некои парови дури и се разведуваат од овој проблем. Но понекогаш се работи за тоа дека мажите не се мрзливи или дека ги избегнуваат домашните обврски, туку не ни сметаат дека треба да направат нешто во врска со тоа, па затоа и не ни размислуваат. Ова во голема мера зависи од тоа како тие живееле пред заедничкиот живот и колку домашни обврски имале. Во секој случај, ако мислите дека тоа е премногу за вас и дека ви треба помош, кажете му јасно и гласно. Не разговарањето само ќе ги продлабочи вашите нервози, а тој може нема ни да знае дека постои таков проблем.