Што Стив Џобс предвиде за иднината

Речиси една година по неговата смрт Стив Џобс повторно се врати во вестите поради говор од пред три децении.

Во тој говор од 1983 година Џобс дал доста добар опис на нашиот денесен свет опседнат со гаџети. Тој во Аспен, Колорадо ги дал своите предвидувања за технологијата на иднината. Делови од говорот се појавија во текот на оваа година, но сега можеме да ги видиме и прашањата и одговорите по говорот.

Многу од предвидувањата на Џобс се остварија, но мора да се запомни дека Џобс не беше само човек кој го наљудува светот на технологијата туку предводник на технолошки напори во текот на целиот негов живот. Во говорот тој потенцирал:

  • „Денешните деца дефинитивно се производ на компјутерската генерација и во текот на нивните животи компјутерите ќе станат доминантен медиум за комуницирање.“
  • Џобс говорел и за електронската пошта, која не постоеше во 1983 година, како одличен систем кој ќе ни овозможи да добиваме пораки кога нас ни одговара. „Еден ден, кога ќе имаме преносни компјутери со радио конекција, луѓето ќе можат да се шетаат овде низ Аспен и да ги проверуваат своите пораки.“
  • И на крај, за фановите на iPad, Џобс предвидел нешто слично уште тогаш. „Сакаме да создадеме моќен компјутер во книга кој ќе можете да го носите наоколу и ќе можете да научите како да го користите за само 20 минути.“ Овој компјутер би имал „радио врска“ која ќе му овозможи на корисникот слобода од кабли и жици. Тој додал дека Apple сака да создаде таков компјутер до крајот на таа деценија.

За повеќе предвидувања на Apple, погледнете го ова видео од 1987 година:

{youtube}JIE8xk6Rl1w{/youtube}

- Реклама -