САД „не ја охрабруваат“ Украина да извршува напади против Русија, соопштија денеска од Стејт Департментот, по нападите со беспилотни летала на неколку руски воздухопловни бази за кои се смета дека дошле од Киев, јави Бета.
„Ние не ѝ помагаме на Украина да организира напади надвор од нејзините граници. Сè што правиме, сѝ што прави светот за да ја поддржи Украина, оди во прилог на поддршката за независноста на Украина“, рече портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Тој не ги припиша новите напади со беспилотни летала на Киев, кој не презеде одговорност за нападите во кои, како што извести Русија, три лица загинаа, а два авиона биле оштетени.
„Ние ја снабдуваме Украина со она што треба да се користи на нејзината суверена територија, на украинска територија, за да се соочи со рускиот агресор“, рече Прајс.
Извор: МИА