Стејт департмент: Договор за оружје на Русија со Северна Кореја ќе значи прекршување на повеќе резолуции на ОН

СAД посочија дека Русија ќе ги прекрши резолуциите на ОН доколку постигне договор за оружје со Северна Кореја, откако лидерите на двете земји повикаа на поголема соработка.

„Секој вид безбедносна соработка или договор за оружје меѓу Северна Кореја и Русија сигурно би прекршил низа резолуции на Советот за безбедност на ОН“, изјави портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

Изјавата следува по денешната вест дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и рускиот претседател Владимир Путин размениле писма во кои ветуваат дека ќе ги развијат своите врски во, како што рече Ким, „долгорочни стратешки односи“.

Писмата се по повод 78-годишнината од ослободувањето на Кореја од јапонската колонијална власт (1910-1945), која се слави и како национален празник во Јужна Кореја.

Прочитајте и:  Блумберг: Европа ќе мора да ги удвои трошоците за одбрана поради војната во Украина

МИА

- Реклама -