Станува мода да се породиш во море

Црвеното Море во Египет ионака е една од најпопуларните туристички дестинации, ама почнува да се прославува и по нешто друго.

Набљудувачите во ресортот во приморскиот град Дахаб, северно од Шарм ел-Шеик, останале вчудоневидени кога забележале жена, за која се верува дека е Русинка, како се породува во водата.

Неколку моменти подоцна, од водата излегол еден од двајцата мажи кои ја придружувале со леген и бебе во рацете. Потоа излегла и жената и им се придружила на своето бебе и мажите, за кои се верува дека исто така се од Русија – едниот сопруг, а другиот доктор специјалист за подводни породувања.

Во меѓувреме, фотографииве направени од хотелскиот балкон на еден друг турист го обиколија интернет. Го покажуваат мажот како го носи бебето со сé уште прикачена папочна врвка за плацентата, која пак е сместена во пластичен сад.

Како што известуваат локалните медиуми, Дахаб станува сé почеста и популарна дестинација за мајки кои сакаат да се породат во море.

- Реклама -