Неизвршувањето на работните задачи може да го минира вашиот напредок и сериозно може да ви ја наруши самодовербата…Ако сами сте виновни за застојот во кариерата, обидете се да го поправите тоа со следните чекори:
-Одредете колку време ви е потребно за реализација на некоја тешка задача. Потоа решете што ќе правите кога ќе ја реализирате. Тоа ќе ви помогне одредена работа да ја согледате како нешто на што по одредено време ќе му дојде крајот.
-Забавете за полесно да ги поднесете обврските. Излезете на пауза и почастете се со кафе пред да се фатите во тесно со телефонските разговори. Верувајте дека задачата веднаш ќе ви делува барем малку полесно.
-Замислете си ја драгата личност додека работите. Тоа може да биде дури и згодниот шеф или колега кој е совршено организиран. Копирајте ги сите карактеристики што ги сакате кај нив или обидете се барем накратко да бидете некој друг. Помага и опушта.
-Не работете ништо пет минути. Испијте чаша вода додека се релаксирате. Кога тензијата ќе се намали и кога ќе се почувствувате опуштени, значи дека сте спремни за работа…повторно.