Среќен брак бива и во пештера

11941621_elderly-chinese-couple-has-lived-in-a-cave_aeac90f7_m[1]

Кога 81-годишниот Лианг Ѕифу и неговата сопруга – 77-годишната Лин Свини се земале, не можеле да си дозволат куќа на село. Затоа Лианг, како глава на куќата, решава да приспособи една од пештерите во близина на градот Нанчун во провинцијата Сечуан во Југозападна Кина, да стане нивниот иден дом.

Не само што заљубените се населуваат во пештерата, туку таму живеат веќе 54 години. Таму ги имаат пораснато и своите 4 деца. Денес „во куќата“ има три спални, кујна и дневна соба.

3(2475)[1]

Заработката за живот овие пештерци ја остваруваат одгледувајќи свињи. Климата ја одржуваат без климатизер – велат дека во лето, во е поладно, а во зима – потопло отколку надвор. Имаат и телевизор.

2(2719)[1]

Вака навидум, на Лианг и Лин не можете да им најдете нешто што им фали. Дека можеби и не е само навидум, зборува понудата од локалните власти да им обезбедат соодветно место за живот во кое ќе се преселат без никакви обврски; понуда што заљубениве ја одбиваат. Велат дека се навикнале на животот во пештера.

Во меѓувреме, ние можеме да се растуриме со коментари како ова или она и дека треба или не треба. Ама Лианг и Лин баш ги заболе за тоа како ние мислиме дека треба да живеат.

- Реклама -