Пет тајни за справување со стресот

Стресот е еден од најмасовните и најсериозните здравствени проблеми затоа што го оштетува мозокот, лошо влијае на меморијата, предизвикуваа дебелеење и слаб имунитет и го зголемува крвниот притисок. За среќа, постојат повеќе начини со кои нивото на стресот во организмот може да се намали, а во тоа ќе ви помогнат овие пет тајни.

Дисциплина на мислите

Колку често мислите на грешките од минатото што не може да ги промените? Колку често не спиете мислејќи на утрешните обврски? Ако се плашите од иднината, тогаш непотребно се мачите со работи врз кои не може да влијаете. Престанете напразно да си ја трошите енергијата и опуштете се.

Средете си го домот

Просторот во кој го поминуваме времете најдобро зборува за тоа како се чувствуваме. Ако собата и работното биро ви се во хаос, тогаш веројатно слична е ситуацијата и со вашиот ум.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Медитирајте

Медитацијата е најдобриот начин за брзо и целосно да се опуштите. Доволни се 10 до 15 минути за да го одморите мозокот и да се подготвите за останатите задачи и обврски. Легнете на грб, дишете длабоко и обидете се да ги сопрете лошите, но и добрите мисли.

Направете си приоритети

Опуштањето не е резервирано само за викендите. Не е тешко да се опуштите кога немате обврски, но мора да имате јасен план со активности. Затоа, напревете список со приоритети и работете според предвидената важност на задачите.

Заборавете на другите

Природно е да сакате да им се допаднете на луѓето во вашата околина, но не заборавајте дека преголемата желба да бидете прифатени, истовремено може да биде причина за непотребен стрес.

- Реклама -