Спин: Вестите што не требаше никој да ги види (видео)

Во 90-тите, Брајан Спрингер помина една година скенирајќи го воздухот со сателитска чинија, во обид да ги „зграби“ сигналите на ТВ каналите и вестите кои не беа наменети за јавна консумација (а кои ТВ репортерите ги „шминкаа“, „пакуваа“ и потоа ги доставуваа до јавноста така обработени (и спинувани). Резултатот од неговото истражување е документарецот SPIN – кој нуди еден од најдеталните инсајдерски увиди во тоа како телевизијата се користи како алатка за општествена контрола и за извртување на перцепцијата за реалноста. Изгледајте го од почеток до крај и никогаш веќе нема да гледате на ТВ репортерството баш со исти очи како и досега. За жал, филмов излезе во раните 1990-ти и е речиси комплетно непознат. Иако делува застарено, не е. Напротив, денес можеби е релевантен повеќе од било кога.

- Реклама -