Процесот на враќање во нормала ќе започне по првомајските празници, најави премиерот Оливер Спасовски денеска преку Фејсбук:
„Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала.Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш“, порача Спасовски.
Спасовски најави постепено релаксирање на мерките по 1 мај и на видеоконференцијата „Ковид-19 Ретроспектива: коронавирус МК“ пред два дена, кога рече дека се прави сериозен план во насока на постепено враќање на животот во нормала.