Спасовски: Уапсените од МВР издале патни исправи за 214 странци, користејќи идентитети на наши државјани

„Во 2019 воспоставена е истрага за службени лица вработени во Управните служби на МВР како референти за управни работи и контролори, кои ја злоупотребувале својата службена положба и овластувања, со тоа што издавале македонски патни исправи за 214 лица странски државјани и 1 наш државјанин, употребувајќи туѓ идентитет на наши државјани“, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по денешната акција во која се уапсени 9 полициски службеници, а се трага по уште едно лице.

Како што посочи Спасовски, поддршка за истрагата била дадена и од страна на Регионалната канцеларија за безбедност и истраги при амбасадата на САД во Скопје, како и Генералниот секратаријат на ИНТЕРПОЛ Лион и ИНТЕРПОЛ Скопје. Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против десет лица и тие во текот на утрешниот ден ќе бидат предадени на надлежното обвинителство, информираше министерот.

Прочитајте и:  Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир

Тој демантираше и дека акцијата била почната во периодот кога технички министер за внатрешни работи беше Наќе Чулев, а потоа не се преземало ништо. Таквите тези, рече Спасовски, се целосна невистина и се директно поврзани со обидот да се саботира акцијата.

 

- Реклама -