Спасовски: Се што ДПМНЕ критикуваа изминатиот период сега го прават

Оливер Спасовски, пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието во интервју за Слободен Печат ги истакна ветувањата и најавите на ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот период и ги спореди со сегашната состојба.

„Македонската јавност имаше најава дека ќе се намалат министерствата, ние сега имаме зголемување плус четири министерства, сметајќи дека тоа е заради ефикасност. Имате барање дајте ни 61 пратеник, не сакаме да зависиме од албанските политички субјекти, сакаме да имаме македонско национално единство – со 58 ги имате истите работи: не е Таљат Џафери, туку Африм Гаши, претседател на Собрание, тоа што најмногу им сметаше на ВМРО-ДПМНЕ и се случи 27 април на кој ќе не’ убиеа во Собрание. Имате ветување дека никако нема да соработуваме со ДУИ, нема да преговараме со ДУИ, ДУИ мора во опозиција и еве го демантот на втора седница на Собрание, повторно договарање со ДУИ. Се’ она што критикуваа изминатиот период, сега го прават”, рече Спасовски.

Прочитајте и:  До недела на полноќ треба да биде избрана новата влада, Мицкоски ги очекува предлозите за министри од коалициските партнери
- Реклама -