Спасовски предупредува: Ќе има кривични за сите што не прославуваат одговорно, и за оние што издаваат и за оние кои изнајмуваат

Синоќа била растурена забава во Волково при што биле приведени 29 лица, а ист таков настан имало и во Куманово, каде што била растурена семејна веселба, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој потенцира дека полицијата посветено ќе постапува и за новогодишната ноќ, па апелира граѓаните да прославуваат одговорно.

„Сите заедно треба да придонесеме да спречиме ширење на вирусот“, вели Спасовски, кој најавува дека ќе нема прогледување низ прсти за оние кои не се придржуваат до мерките што се на сила:

„Секој кој нема да ги почитува мерките, без разлика дали се работи за сопственик на вила за издавање или е граѓанин, кој учествува во такви настани, ќе бидат поднесени кривични пријави со кривична одговорност, бидејќи го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните“, порача Спасовски.

Прочитајте и:  Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема во возилата

- Реклама -