Спасовски: Ги исплашивме огласувачите на викендици за прослави, имаме посебен оперативен план за новогодишната ноќ

Исчезнаа огласите за групни прослави по викендици за Нова Година, а причината, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се апелите и проверките на полицијата преку Секторот за превенција при МВР.

Дали огласувачите навистина се исплашија па ги повлекоа огласите, или веќе ги издадоа сместувањата, ќе покажат социјалните мрежи набрзо по полноќ, во првите часови од новата 2021 година. Во секој случај, министерот предупредува дека за новогодишната ноќ полицијата ќе работи по посебен оперативен план:

„Полициското присуство секогаш било засилено околу Нова Година и другите празници во текот на јануари затоа што е важно да се одржи јавниот ред и мир, а тоа го покажува ланскиот мал број пријави и инциденти.

Прочитајте и:  Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема во возилата

Имаме посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на 1 јануари, затоа апелирам за совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје. Ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните ќе мора да си сноси одговорност“, порачува Спасовски.

- Реклама -