Спас за жените: Начини за намалување на менструалните болки

Повеќе од 70 проценти од жените страдаат од менструални болки, но постојат природни начини за помош, што вреди да се испробаат.

Иако многумина веднаш бараат таблети, овие болки можат да се спречат и со помош на природни методи, како што е туширањето со топла вода…

Туширање со топла вода

Топлата вода го стимулира дотокот на крв во подрачјето на карлицата што ги опушта мускулите и ги намалува грчевите, истакнуваат гинеколозите. Ист ефект имаат и топлите завои.

hitportal-tusiranje

Вежби

Редовното вежбање ги ублажува болките, бидејќи поттикнува опуштање на ендрофин, хормон за добро расположение. Така се намалува интензитетот на болки,  а со тренинзи треба да се започне најмалку седум дена пред менструалниот циклус. Жените што редовно вежбаат ретко имаат проблем со менструални болки.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Exercise-to-Lose-Belly-Fat-Fast-660x330

Чај од ѓумбир

Чаевите благотворно делуваат на здравјето и нивната топлина ги намалува грчевите, но тајната сепак лежи во зачините. Ѓумбирот ја намалува болката, а циметот делува против воспаление и го ублажува вкочанувањето на мускулите на матката.

zoshto-e-dobro-da-piete-chaj-od-gjumbir-125274

Оргазам

Сексуалните односи за време на менструацијата ги намалуваат непријатните болки и напнатоста. Оргазмот предизвикува опуштање на мускулите, окситоцин и допамин кој пружаат чувство на задоволство и победа над болката.

priustite_si_drugaciji_orgazam

Јога

Овој тип вежби особено е делотворен кај болки, но и во намалување на крварењата. Длабоката релаксација се поврзува со пад на нивото на хормоните што играат клучна улога кај менструалниот циклус.

1-Jogata-go-podobruva-seksot

- Реклама -